Здравје и безбедност

Прочитај го ова пред играње.

Кај многу мал број луѓе трепкава светлина или шари можат да предизвикаат напад. Тоа може да се случи при гледање телевизија или играње видео-игри, и тоа и кај луѓе што никогаш немале напад ниту дијагноза епилепсија.

Фотосензитивни напади

Секој што некогаш имал симптоми поврзани со фотосензитивна епилепсија треба да се посоветува со лекар пред играње. Родителите треба да ги следат овие симптоми кај децата бидејќи кај децата и тинејџерите се јавуваат почесто отколку кај возрасните.

Симптомите можат да вклучуваат:

  • вртоглавица, промени во видот или трзање на очите односно мускулите на лицето;
  • трзави движења на рацете или нозете;
  • дезориентација, збунетост, губење на свеста за околината;
  • грчеви или губење на свеста.

При кој било од овие симптоми веднаш прекини со играње и јави се на лекар.

Ризикот го намалуваш вака:

  • седи подалеку од екранот;
  • користи помал екран;
  • играј во добро осветлена просторија;
  • не играј кога си поспан или уморен.

Замор на очите и мачнина од движење

Долгото играње ги заморува очите, а кај дел од луѓето движењето на екранот предизвикува мачнина или вртоглавица. На секој час прави пауза од најмалку 10–15 минути и прекини со играње ако не ти е добро. Продолжувањето ретко помага.

Преоптоварувања

Долгите сесии пред тастатура и глушец предизвикуваат болка и вкочанетост на дланките, зглобовите, рацете, вратот, рамената и грбот. Одмарај се, истегнувај се и седи удобно. Ако болката, вкочанетоста, трнењето или печењето не поминат по прекинот на играњето, јави се на лекар.

Слух

Долгото слушање на голема јачина, особено на слушалки, може трајно да го оштети слухот. Намести ја јачината така што сѐ уште да го слушаш човекот што зборува во истата просторија; ја подесуваш во Поставки → Звук.

Општо

Не играј уморен, неиспиен ниту под дејство на алкохол или лекови. Нека играњето биде во разумен однос со остатокот од денот. Ако имаш хронична болест, бремена си или имаш вграден медицински уред, посоветувај се со лекар пред играње.

Оваа страница е општа безбедносна информација, а не лекарски совет. Ако си загрижен за своето здравје, разговарај со квалификуван лекар.